Украинска армија: Водиме жестоки битки на исток

Од:

Војската на Украина денеска извести за тешки борби на истокот на земјата додека руските сили се обидуваат да преземат целосна контрола врз делумно окупираните региони Луганск и Доњецк.

„Противникот продолжува да ги фокусира своите главни напори на обидите за целосно окупирање на регионите Луганск и Доњецк“, соопшти Генералштабот на украинската армија, додавајќи дека „жестоките борби продолжуваат“, пренесе Радио Слободна Европа (РСЕ).

Фокусот на руските сили на областите Луганск и Доњецк доаѓа во време кога украинската армија спроведува голема контраофанзива со цел повторно да ја заземе украинската територија окупирана од Москва, пренесе агенцијата Бета.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера призна дека долгоочекуваната контраофанзива започнала. „Во Украина се случуваат контраофанзивни и одбранбени акции, но нема да кажам детално во која фаза се“, рече Зеленски, велејќи им на новинарите да му пренесат на Путин дека украинските генерали „сите се позитивно расположени“.

Во меѓувреме, утрово два дрона се урнаа во руската област Калуга, објави регионалниот гувернер Владислав Шапша на апликацијата Телеграм. Едниот дрон се урнал во близина на селото Стрелковка, а другиот во шумите во областа Медински во градот. Според првичните информации нема жртви и причинета е минимална штета.

Ројтерс соопшти дека не може независно да ја потврди оваа информација. Регионот Калуга се граничи со Московскиот регион на север.

Би можело да ве интересира

Кремљ ги споредува најавите на Трамп за заземање на Гренланд со руските анексии во Украина

Зеленски: 980.000 украински војници пукаат на Русите

Русите тврдат дека целосно го зазеле градот Курахово

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Апокалиптични сцени во украинскиот Торек: Фронт во центарот на градот, Русите и Украинците се борат за секоја куќа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украина почна ненадејна контраофанзива во Курск

Катерина Ѓуровски

Русите жесто ја нападнаа Украина: седуммина повредени, оштетени згради и болница

Катерина Ѓуровски