Репрезентацијата на Летонија успеа со 34 поени разлика да ја декласира репрезентацијата на Украина во рамките на групата Е во продолжението од Европското првенство.
Иако според многумина, беа аутсајдери на ова ЕП, предводени од фантастичното крило Ричардс Куксикс, Летонците успеаја да дојдат до првата победа во втората фаза со убедливи 34 поени разлика.
Најдобар во репрезентацијата на Летонија беше Кристапс Јаниценокс со 14 поени додека по него, следеше Ричардс Куксикс со 13. Во редовите на Украина, Гларир постигна 12 поени.
Наредниот натпревар од 17:45 го играат репрезентациите на Србија и Белгија додека во вечерниот термин (21ч), во дербито ќе се сретнат Литванија и Франција.