Нишани го одобри владиниот тим на Рама

Од:

Албанскиот претседател Бујар Нишани го прифати предлогот за состав на новата влада на премиерот Еди Рама.

Нишани вчера му го даде премиерскиот мандат на Рама и побара да го состави новиот владин кабинет.

Рама му го достави списокот вчера, а денеска потпишаниот указ е објавен на сајтот на претседателот и тој стапува во сила веднаш.

Новата влада на премиерот Еди Рама,лидер на социјалистите и поранешен градоначалник на Тирана, брои дваесет и еден член заедно со него.

Потпретседател на владата ќе биде Нико Пелеши, шеф на дипломатијата Дитмир Бушати, Саимир Тахири прв полицаец, а прв човек на одбраната е жена, Мими Кодели. Министер за финансии е Шкелќим Цани, за евоинтеграции Кладја Ѓоша, за правда Насип Начо, министер за транспорт и инфраструктура Едмонд Хаџинасто.

Во новата албанска влада за првпат дури на шест министерски места се жени:одбрана, евроинтеграции, урбан развој и туризам, за образование и наука, за култура и за иновации и јавна администрација. Гласањето за владата и програмата ќе биде утре. Имајќи во предвид бројот на пратенички места на владејачкото мнозинство тоа ќе мине само формално.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски