СДСМ: Работна група за да продолжат разговорите со ДПМНЕ за уставните измени

Од:

„СДСМ уште еднаш покажа државнички и државотворен капацитет и понуди рака за отворен дијалог, но и делување во остварување на уште една стратешка цел: членство во ЕУ“, велат од СДСМ.

„Централниот одбор на СДСМ донесе Одлука за формирање на работна група за продолжување на разговорите со ДПМНЕ и сите други парламентарни политички партии за уставните измени и операционализација на следните конкретни чекори.

Централниот одбор на СДСМ му дава апсолутна поддршка на претседателот на партијата, Димитар Ковачевски и формираната работната група, предводена од генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ Вардарски, да продолжат со напорите за обезбедување широк консензус за уставните измени, а со тоа и продолжување на европскиот пат на земјата.

Изборот пред сите политички партии е: интеграција во ЕУ или изолација.

Пред државата е историска шанса за продолжување на европскиот пат и воспоставениот дијалог може да придонесе кон носење одлуки за европската иднината на земјата и доброто на сите граѓани“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски