Украина: По уривањето на браната ни се заканува загуба на неколку милиони тони род

Од:

Украина може да загуби неколку милиони тони род поради уништувањето на браната Каховка на југот на земјата, предупреди украинското Министерство за земјоделство.

„Без водоснабдување, невозможно е да се одгледува зеленчук. Зрната и маслодајните семиња ќе се одгледуваат со користење на екстензивен модел со ниски приноси“, се вели во соопштението на Министерството.

Министерството предупреди оваа недела дека поради уништувањето на браната, илјадници хектари земјоделско земјиште во јужна Украина ќе бидат поплавени, а најмалку 500.000 хектари земјиште може да се претворат во „пустина“ во отсуство на наводнување.

Според министерството, ќе треба да се изврши проценка на земјоделско-еколошката состојба на почвата на поплавеното земјиште, а во најголем број случаи ќе треба да се применат методи за обновување на почвата.

Во погодената област најмногу се одгледувале зеленчук, дињи, жито и маслодајни семиња. Украина е еден од водечките производители и извозници на жито и маслодајни семиња.

Би можело да ве интересира

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Падна Украинск

Предраг Петровиќ

Германија нема да дозволи Украина да напаѓа на руска територија со западно оружје со долг дострел