Протест на жителите на Горна Река поради еколошката катастрофа во Националниот Парк Маврово

Од:

Со полчасовна блокада на локалниот пат Бунец-Леуново на влезот во НП Маврово, група граѓани и членови на здружението за рурален развој „Преродба на Горна Река“ изразија револт, за, како што наведоа, еколошката катастрофа што се случува на површините на Националниот Парк Маврово.

Реакцијата на собраните граѓани се однесуваше на активности што се спроведуваат на планината Меник и се однесува на сеча на дрвја.

– Бараме од страна на НП „Маврово“ веднаш да престанат со нивните незаконски активности и оштетување на природата. Во меѓувреме, надлежните институции треба да преземат мерки за испитување на законските прекршувања кои ги прави управата на националниот парк, рече Фисник Јакупи, секретар на здружението.

Граѓаните најавија дека овој протест е предупредувачки и посочија дека на планината Меник се случува деградацијата на природата што ја спроведува ЈУНП „Маврово“.

– Сечењето на дрвјата се врши на приватен имот и притоа се ускратува правото на сопственост со без добивање на согласност од сопствениците на земјиштето. Оправдувањето на управата е дека сечата е од санитарни причини, но реално таму без критериуми се врши масовна експлоатација на дрво. Тие, согласност за оваа активност спротивно на позитивните закони добиваат од институциите кои не се надлежни за ова прашање како Државен инспекторат за шумарство и ловство, а не од Државниот Инспекторат за животна средина, подвлече Јакупи во име на протестантите.

Според него, на ваков начин се прават штети и злоупотреба во износ од над два милиони евра што е прекршување на законите на Република Северна Македонија.

Тие ги повикуваат надлежните институции да постапат според Законот за заштита на животната средина, член 141-А со кој не се предвидува експлоатација и продажба на дрвна маса за комерцијални цели, туку само за санитарни цели.

Жителите на селата Нистрово, Грекај, Рибница, Нивиште и Тануше реагираат и на отворање на шумски патишта без елаборат за заштита на животната средина со што, како што беше речено, им се повредува правото на приватната сопственост и го сметаат за кривично дело по член 225 и член 234 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Од НП „Маврово“ во врска со протестот на граѓаните, за МИА рекоа дека наскоро ќе се обратат до јавноста, но откако барањата ќе им бидат доставени и ќе одговорат на нив.

Од здружението за рурален развој „Преродба на Горна Река“ напоменаа доколку наредниве денови нема реакција од надлежните институции, ќе организираат протести со повеќе часовни блокади на патиштата.

Би можело да ве интересира

Полицајци пронашле рачни бомби поставени на планинарска патека

Горан Наумовски

Пронајдена почината 72-годишна жена која планинарела на Шар Планина

Катерина Ѓуровски

Ослободено мече кое било заглавено на дрво во Маврови Анови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мечка со две мали мечиња снимени на пат во Маврово

Катерина Ѓуровски

Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови