Приведени крадци во Струга, одземеното пронајдено

Од:

Вчера во 09.45 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода 37-годишниот Д.У. од Струга и 46-годишниот Е.П. од Куманово, извести МВР.

– Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во куќа во струшката населба Плитишта, при што одзеле повеќе предмети. Одземеното било пронајдено при преглед кај нив и при претрес, извршен со судска наредба, во домот на Д.У. во Струга, велат од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он