Југот на Украина исчезнува под вода, катастрофата се протега до Крим: Хаос се очекува во следните денови

Од:

Браната Каховка на реката Днепар, на југот на Украина во близина на градот Херсон беше уништена рано утрово. Прво, Украина објави дека Русите, кои ја контролираат и областа Нова Каховка, каде што се наоѓа уништената брана, самите ја минирале областа, но руските власти за истото ја обвинија Украина.

Десетици илјади луѓе се загрозени поради излевањето на водата кое веќе достигна ниво од десет метри и поплави делови од самиот Херсон, а веројатно опасноста му се заканува и на Крим. Колку се ужасни прогнозите покажа и украинската јавна телевизија „Суспилне“, која објави и мапа на која се гледа каде се наоѓа браната и кои градови и населби се загрозени од напливот на вода.

Видеата кои кружат на социјалните мрежи покажуваат значителна штета на браната, но и на областите околу неа. Нова Каховка е речиси целосно поплавена, тоа може да се види од видео снимките на кои се гледа општинската зграда под вода, додека луѓето и животните се обидуваат да избегаат.

Гувернерот на Херсонската област Олександр Прокудин изјави дека околу 24.000 луѓе се наоѓаат во „критична зона“ на десниот брег на Днепар, кој е под контрола на Украина. Тој рече дека луѓето се евакуирани во областите во околината на Херсон и ќе бидат однесени со автобус до градот, потоа со воз до Миколаив и во други украински градови.

Тој додаде дека нивото на водата пораснало за 2,5 метри. Руските власти објавија и дека потенцијално 80 населби лоцирани низводно од браната се загрозени поради излевање на вода.

„Во гранатирањето е уништен горниот дел од хидроцентралата Каховска, но не е уништена и самата брана на акумулацијата. Имаше неколку удари во два часот по полноќ во горниот дел на хидроцентралата … и беше урната. Браната не е уништена и тоа е голема среќа“, изјави за РИА Новости Владимир Леонтиев, шеф на администрацијата на градскиот округ Новокахов, кој Русија го основаше по окупацијата.

„Руската армија продолжува да ја гранатира територијата на која се спроведуваат мерки за евакуација. Пред еден час во тој реон беа ранети двајца полицајци. Гранатирањето продолжува“, министерот за внатрешни работи на Украина, Игор Клименко.

Исто така, хидроцентралата Нова Каховка во Украина, која е под контрола на руските сили, сега е целосно уништена поради минирањето на браната Каховка, а украинските власти објавија драматични снимки од областа.

Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, го објави најновото видео од реката Днепар, на кое се гледа како нивото на водата забрзано се зголемува и како хидроцентралата Нова Каховка е целосно потопена од надојдената вода на реката Днепар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „САД да ја зголемат испораката на оружје за Украина“

Катерина Ѓуровски

Зеленски бесен поради средбата на Фицо со Путин: Колку те плаќа?

Предраг Петровиќ

37 годишен скопјанец се приклучил на руската војска во Украина, извршен претрес во неговиот дом

Трамп му порачал на Зеленски да размислува за отстапување на териториите кои се под контрола на Русија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Путин и се закани на Украина по вчерашниот напад: „Ќе зажалите“

Катерина Ѓуровски

Шефот на украинската армија нареди повлекување