Извештај на ЕП: Кризата на Блискиот Исток има потреба од Европа за да биде решена

Од:

Кризата на Блискиот Исток има потреба од Европа за да биде решена, изјави европратеничката Мариета Јанаку, која го подготви извештајот по прашањата за одбрана и заедничка безбедност во ЕУ.

Документот, во кој се препорачува потесна соработка, ќе биде разгледан денеска на пленарна седница на Европскиот парламент, а за утре е планирано усвојување на резолуција.

Во врска со наводниот напад врз Сирија по употребата на хемиско оружје во оваа земја, Јанаку коментира дека „едно е да се има реакција на цела ЕУ, а друго, ако на пример Франција соопшти дека ќе учествува веднаш“.

– Во првиот случај ќе бевме поорганизирани и попочитувани од Американците, додаде грчката европартеничка.

Според неа, не е можно да се изврши интервенција врз Сирија без копнена операција.

– Тоа не е Косово. За ваков напад треба да се размисли двапати пред да се спроведе, нагласи Јанаку.

Запрашана зошто земјите од ЕУ се двоумат заедно да работат во областа на безбедноста и одбраната, таа истакна дека некои влади се плашат дека таква соработка би била против НАТО.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он