Црногорец уапсен во Германија за шверц на кокаин

Од:

Царината во Келн потврди апсење на 34-годишен државјанин на Црна Гора за шверц на кокаин, пренесоа германските медиуми.

Според РТЦГ, царинските службеници во еден ден контролирале две возила и заплениле рекордни количества дрога и фалсификувани пари, од кои едното го управувал црногорски државјанин. Царината не го соопшти идентитетот на уапсениот црногорски државјанин.

Се наведува и дека во неговото возило биле пронајдени четири „тули“ кокаин, но нема извештај колку кокаин е запленета во возилото што го управувал црногорскиот државјанин.

Вкупно во две акции се запленети речиси шест килограми кокаин и хероин, повеќе од 23 килограми амфетамин и 24.000 евра фалсификувани пари.

„Секоја од двете заплени сама по себе е извонредна, но никогаш не сме имале два такви успеси во еден ден. Уличната вредност на запленетата дрога е повеќе од 620.000 евра“, изјави Јенс Ахланд, портпарол на главната царинарница во Келн.

Се наведува дека државјанин на Црна Гора на возраст од 34 години бил контролиран во сервисната зона Зигбург на А3 кон Франкфурт.

По нејасни одговори за целта и маршрутата на патувањето, како и подетален преглед, на неговите раце биле пронајдени траги од кокаин.

Царината потоа го пребарала автомобилот и под централната конзола пронашла четири „тули“ кокаин и телефон. Мажот е уапсен и покрената е истрага.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Со кражба на идентитет испрале десет милиони евра од кокаин