Дождот што денеска паѓа во Тиквешијата го прекина гроздоберот во најголемиот лозаровинарски регион во Македонија.
Претседателот на регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија“ од Кавадарци, Љупчо Аризанов изјави дека дождот негативно влијае врз гроздоберската сезона.
– Лозарите не сакаат да врне дожд додека е време за собирање на родот од лозјата. Поради дождот гроздовите имаат помала шеќерност, а знаеме дека шеќерноста е главниот услов при добивањето на цена за килограм грозје, појасни Аризанов.
Тој изрази надеж дека временските прилики ќе се подобрат и оти лозарите ќе можат да го соберат родот од лозјата.