Група студенти тргнаа од Плоштадот на републиката кон Собранието на Србија, каде ќе се приклучат на протестот „Србија против насилството“.
Studenti na putu prema parlamentu #protest #beograd pic.twitter.com/wLuhQmKMie
— KRIK (@KRIKrs) June 3, 2023
Голем број млади се собраа денеска кај Плоштадот на републиката каде организирано тргнаа на собирот наречен „Србија против насилството“, протест кој се одржува од 18 часот пред Собранието на Србија.
Со себе носат транспаренти: „Учениците против насилството“, „Укинувате училишта, а не реални шоуа“, „Ништо не е смешно“, „Студентите не молчат“.