Директорот на ЦИА, Бил Барнс, минатиот месец беше во тајна посета на Кина за да разговара со тамошните власти. Според „Фајненшл тајмс“, тајната посета укажува на тоа дека Белата куќа станала загрижена поради влошувањето на односите меѓу Пекинг и Вашингтон.
Сепак, американски официјален претставник рече дека Барнс се сретнал со претставници на кинеското разузнавање за време на патувањето.
– Минатиот месец директорот на ЦИА, Барнс, отпатува во Пекинг каде се сретна со своите кинески колеги и ја истакна важноста од одржување на отворени линии на комуникација во разузнавачките канали – изјави неименуван американски функционер.