Путин: Русија сигурно ќе победи во војната во Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не се сомнева оти Русија ќе победи во Украина и ќе стане гарант за мирот и безбедноста за сите нации. Путин ова го изјави за време на прес-конференцијата со човекот кој беше одликуван со Орден за татковска слава.

Станува збор за војникот Григориј Александрович, татко на неколку деца, кој учествувал во војната во Украина, но се вратил од здравствени причини, пишува руската агенција ТАСС.

„Знам дека победата ќе биде наша. Ќе победиме, недвосмислено, нема друг начин“, вели таткото на семејство со неколку деца, награден со Орден за татковска слава.

„Тоа е точно. Ќе биде точно како што кажавте. Апсолутно нема сомнеж“, се согласи Путин.

„За време на специјалната воена операција Русија ја брани својата земја, народ и вредности, затоа дефинитивно ќе излезе како победник. Нема сомнеж, тоа се подразбира“, рече рускиот претседател, пренесува ТАСС.

Путин рече дека војникот Александрович имал можност да ја напушти зоната на „специјалната воена операција“, но решил да остане и дека сега, откако добил лекарска помош, сака да се врати во борба.

“Војникот е навистина подготвен да продолжи да служи кога е здрав. Ми се чини дека веќе направи се што можеше.

Проверив, прокоментира Путин и рече дека му се заблагодарува на војникот за се што правил. „Не само за сопственото семејство, туку и за целата земја“, рече рускиот претседател.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски