Седуммина пожарникари загинаа при гаснење на пожар во најнаселената австралиска сојузна држава Нов Јужен Велс, каде властите прогласија вонредна состојба поради огнената стихија.
Во Сиднеј од студентскиот град биле евакуирани повеќе од 2.000 студенти и професори.
За ширењето на пожарот придонесува и топлото време, бидејќи температурата во регионот изнесува околу 30 степени.
Според заменик шефот на противпожарната служба на Нов Јужен Велс, Боб Роџерс моментно се утврдуваат причините за пожарот, а не се исклучува можноста тој да е подметнат.
– Во повеќе од 20 отсто случаи на подметнати пожари, ситуацијата не можеме да ја задржиме под контрола, изјави Роџерс.