САД: Не ги поддржуваме украинските напади на руска територија

Од:

Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека администрацијата на Џозеф Бајден јасно им ставила до знаење на Украинците дека не поддржува напади на руска територија.

„Ќе продолжиме да им го даваме она што им е потребно за да се одбранат и да ја бранат својата територија, украинска почва, но не поддржуваме напади во Русија“, рече Кирби во интервју за Си-Ен-Ен.

„Се согласуваме дека Украинците имаат право на самоодбрана. Во текот на последните 15 месеци се обврзавме да им помогнеме на Украинците да ја одбранат својата територија од оваа руска агресија. Она што го кажавме е дека не сакаме да поттикнуваме или да овозможиме напади внатре во Русија, бидејќи не сакаме да видиме понатамошна ескалација на војната“, рече Кирби.

Кирби одби да одговори на прашањето дали САД заклучиле дека Украина стои зад нападите со беспилотни летала на руска територија.

„Сè уште се обидуваме да добиеме информации и да откриеме што се случило… но не можам да ви кажам дека имаме дефинитивни информации во овој момент“, посочи тој.

Украина негираше вмешаност во нападот.

Би можело да ве интересира

Сателитски снимки покажаа дека Украинците не го погодиле руското складиште со оружје

Зеленски: Путин се плаши да користи нуклеарно оружје

Путин: Ќе ги постигнеме сите цели во Украина, вистината е на наша страна

Катерина Ѓуровски

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“