Најголем дел од граѓаните собрани на денешниот протест во Звечан се разотидоа, но помала група остана и донесе чадори и клупи за да „дежурат“ во текот на ноќта.
Останатите граѓани планираат постојано во текот на ноќта да имаат некој пред општинската зграда.
Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ претходно денеска разговараше со висок офицер на КФОР, кому му пренесе дека Српската листа бара КФОР да ги обезбеди сите приоди кон Звечан бидејќи, како што наведе, има косовска полиција и специјални сили, што ги „иритира граѓаните“ и може повторно да дојде до ескалација на состојбата.