Гостувањето на Хелен Бериман во утринската програма „Добро утро Британија“ шокираше многу гледачи бидејќи таа седеше сосема гола во студио.
Градските власти во Лондон во последните недели добија голем број поплаки бидејќи се поголем број граѓани се сончаат во парковите. По тој повод, уредниците на емисија ја поканија Хелен да учествува на дебатата. Таа на утринската програма дојде гола и ја праша од кога е забрането сончањето.
'How is it offensive? It's just a body. You've got one?'
'You're not considering other people.'
There’s no law against being naked in public, but should public spaces be off-limits when it comes to stripping off? pic.twitter.com/HBo5GnLKtx
— Good Morning Britain (@GMB) May 30, 2023
“Од сите можни работи што се случуваат во светот, сончањето во парк е незаконско. Дали е толку голем проблем мирното сончање во скриен агол на паркот? Нема ништо поважно од тоа”, рече Хелен. Според „Лад Библ“, сончањето без костим за капење не е спротивно на законот се додека не им пречите на другите.
Во студиото со Хелен беше и водителот Ник Ед, кој истакна дека разбира зошто нудистите се навредливи за некои луѓе. “Ми пречи. Отидов во паркот да го видам зеленилото и птиците. Тоа е сè што навистина сакам да видам. Имам проблем со твоето однесување бидејќи е себично. Светот не се врти околу тебе и твојата потреба да се храбрат луѓето да ги прифатат своите тела. Го разбирам движењето за позитивност на телото, но вие не земате предвид дека на некои луѓе тоа им пречи“, рече Ник.
Хелен само накратко одговори дека тоа е само тело. Нејзиното гостување предизвика жестока дебата на телевизија, но и на Твитер, каде бројни корисници коментираа дека „го прекинале појадокот“ кога виделе гола жена во студиото.