Приведен крадец од Велес, расчистени шест тешки кражби

Од:

Полициски службеници од СВР Велес на 28.05.2023 во 22.50 часот, го лишиле од слобода А.С.(30) од Велес. Како што денеска соопштија од МВР, тој се сомничи дека во периодот од 21.04.2023 до 28.05.2023 на подрачјето на СВР Велес извршил повеќе тешки кражби и кражби од индустриски погони и викенд куќи.

– На 21.04.2023 извршил тешка кражба во фабрика во Велес, на 24.04.2023 тешка кражба во викенд куќа сопственост на Г.Ј. во место викано „Долна Брца“, на 28.04.2023 во фабрика во Велес, на 02.05.2023 тешка кражба во викенд куќа во место викано „Три дола“ сопственост на Г.В., на 16.05.2023 тешка кражба во викенд куќа сопственост на Д.Б. во место викано „Сариер“ и на 28.05.2023 тешка кражба во гаража од семејна куќа на ул.„Вера Циривири“, сопственост на Ј.Б. од Велес, се појаснува во соопштението од МВР.

Дел од одземените предмети се пронајдени и вратени на сопствениците, а лицето, стои во соопштението, е приведено во Полициската станица Велес и по целосно документирање на настаните ќе следува соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он