(ВИДЕО) Костовски: На лидерска се оди со став, што одлучи Мицкоски ЕУ или Левица?

Од:

„Пред нашата земја и целиот наш народ е исправена одлука со која имаме шанса да го продолжиме европскиот пат, да ја обезбедиме европската иднина на земјата. Скрининг процесот успешно се спроведува и наскоро ќе заврши“, рече Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

„Успеавме македонскиот јазик да го заштитиме и да го обезбедиме на ниво на јазиците на земјите членки на Унијата.

Време е за глас за Европа во македонското Собрание за продолжување на европскиот пат и остварување на уште една стратешка цел: членство во ЕУ!

Со тоа и да ги затвориме сите идентитетски прашања еднаш-засекогаш. Изборот пред секоја политичка партија е интеграција или изолација.

Проевропски блок за европска иднина или анти-европски блок за изолација. Христијан Мицкоски, наместо со денови да молчи треба да излезе пред јавноста и да каже што одлучил.

Дали ќе се приклучи кон европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица во анти европскиот блок.

На лидерска средба се оди со став. Пред Мицкоски е моментот на вистината.

Затоа, го повикуваме да не врти од околку, да не менува ставови во секоја изјава, да си ги среди ставовите и да каже што одлучил: ЕУ или Левица“, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски за рушење на Уставот и кршење на законите

Катерина Ѓуровски

Филипче испратил писма до ЕУ, вели Мицкоски најавил политички прогон: Премиерот му одговори дека чувствата му се се посилни

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата за однапред да и се заканува на опозицијата

ВИДЕО: Мицкоски „има чувство“ дека поранешни премиери, функционери на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со прогони

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста