Србин убиен во Колумбија, имал три рани од куршуми во главата

Од:

40-годишниот српски државјанин Слободан Марјановиќ е убиен вчера во градот Санта Марта, Колумбија. Колумбиските медиуми пишуваат дека телото на Марјановиќ било пронајдено покрај автопатот, а првите резултати од истрагата укажуваат дека тој бил убиен со повеќе истрели и дека неговото тело потоа било исфрлено од автомобилот.

Се претпоставува дека Марјановиќ пред неколку дена пристигнал во Санта Марта како турист бидејќи врз основа на пронајдената нараквица било констатирано дека бил гостин во хотелот „Ел Родадеру“, тврди медиумот Ел Информадор. Марјановиќ имал најмалку три рани од куршуми на главата, пренесува Нова.рс.

„Се проверува дали бил убиен во автомобилот од кој бил фрлен со оглед на тоа што мештаните пријавиле во полиција дека слушнале истрели, а потоа телото го пронашле покрај автопатот. Еден правец на истрагата е дека убиениот Марјановиќ бил пресретнат од неколку мажи за да го ограбат и дека поради тоа е убиен. Вториот правец на истрагата оди во насока дека ги познавал лицата кои го убија и отишол да се сретне со нив“, потврдија извори за колумбиските медиуми.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски