Над 2.650 лица се уште се водат како исчезнати во Јапонија на точно две и пол години по разурнувачкиот земјотрес во североисточниот дел на земјата, што потоа предизвика огромни бранови цунами, соопшти јапонската полиција.
Според официјални податоци, во катастрофалната елементрана непогода од 11 март 2011 година загинаа 18.537 лица. Телата на 2.654 лица, меѓутоа, се уште не се пронајдени и тие официјално се водат како исчезнати.
Се смета дека многумина од нив биле однесени од водите на Тихиот Океан.
Властите и натаму продолжуваат со потрагата по исчезнатите.