Германија повлекува над сто владини службеници од Русија по одлуката на Москва

Од:

Германија ќе повлече повеќе од сто владини службеници кои работат во Русија, откако Москва го ограничи бројот на луѓе кои можат да работат во германските дипломатски претставништва на руска територија, соопшти денеска германското Министерство за надворешни работи.

„Ова ограничување, кое Русија го воведе од почетокот на јуни, бара големо намалување во сите области на нашето присуство во Русија“, објави Министерството.

Тука спаѓаат и професорите, но и другите вработени во образовните институции и Гете институтот, па затоа е неопходно да се одржи дипломатскиот баланс на Германија, изјави извор од министерството.

Изворот откри дека се работи за најмалку сто луѓе. Германското Министерство смета дека ова е еднострана, неоправдана и неразбирлива одлука на Русија, пренесува агенцијата ДПА.

Односите меѓу Русија и Германија, некогаш најголемиот потрошувач на руска нафта и гас, се влошија по почетокот на руската инвазија на Украина и одговорот на Западот со санкции и испораки на оружје.

Би можело да ве интересира

Напаѓач со нож уби еден, а тешко рани неколкумина во Германија

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на ЕУ

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата