ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски прифаќа лидерска средба, но бара да се разговара и што по неуспехот на уставните измени

Од:

Кога станува збор за националните и државни интереси, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е подготвен да разговара во било кое време, но бара да се разговара и за тоа што ќе се прави во периодот по неуспехот на уставните измени.

-Доколку постои желба за национално единство и слушање на гласот на мнозинството, прифаќаме лидерска средба на која треба меѓудругото да се види што ќе се прави во периодот по неуспехот на тие уставните измени и иднината на граѓаните која треба да се обезбеди, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека во наредните десет дена ќе го покани Мицкоски на средба.

Би можело да ве интересира

Опозицијата реагира: Мицкоски ја условува финансиската поддршка за судството

Горан Наумовски

Левица: Европската Комисија го разобличи Мицкоски кој никако не го демонтираше коруптивниот систем, туку удобно се смести во него

Ќе има намалување на акцизите кај дизелот и безоловните горива. најави Мицкоски

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе средства додека не покаже резултати

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност

СДСМ го обвини Мицкоски: ЕК нотира системски притисоци врз правосудството

Горан Наумовски