Полицијата реши обид за убиство после 25 години: Жена нарача убиство на маж

Од:

Хрватската полиција поднесе кривична истрага против 56-годишна жена и 52-годишен маж од Копривница поради сомнение за обид за убиство.

Полицијата се сомнева дека осомничената го мотивирала 52-годишниот маж да изврши убиство од личен интерес, со намера таа да го добие заедничкиот имот што го поседувала 60-годишната жртва.

На 15 мај 1998 година, недалеку од Копривница, 52-годишникот испукал два истрела од огнено оружје кон 60-годишникот кој се здобил со полесни повреди.

Поради сомнение за сторено кривично дело тешко убиство во обид и поттикнување на тоа кривично дело, против осомничените е поднесен посебен извештај до надлежниот државен правобранител и истите се во притворот, извести полицијата.

Би можело да ве интересира

Потврдено обвинението против Беќировиќ, која со пиштол уби жена додека детето гледало

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност