Милатовиќ не го сака скапиот „мајбах“ од Ѓукановиќ

Од:

Новиот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, одбил да го користи луксузното службено возило „мерцедес-мајбах“.

„Овој автомобил е во сопственост на Агенцијата за национална безбедност. Возилото им е вратено и тие се адреса за дополнителни прашања. Сигурно нема да го користам“, изјави Милатовиќ за подгорички „Вјести“.

Новинарите на подгоричкиот весник веќе две недели се обидуваат да дознаат што ќе биде со возилото што го користел поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, но и каква е судбината на друг автомобил, од иста марка и карактеристики, кој го раздолжи поранешниот премиер Душко Марковиќ на крајот на 2020 година.

Овие две луксузни возила Националната агенција за безбедност (АНБ) ги купи на крајот на 2017 година за вкупно 1,3 милиони евра во готовина.

„Мајбахот“ што Марковиќ го користеше од 2017 година беше огласен за продажба, а бидејќи немаше интерес, пред една година беше предаден на Министерството за внатрешни работи (МВП) на Црна Гора за користење и превоз на странски, заштитени лица.

Станува збор за возила произведени во 2017 година со речиси 6.000 кубни метри и 620 коњски сили, со четири врати и четири седишта.

„Вјести“ не можеше да добие информации за просечната потрошувачка на гориво и количеството за одржување на „мерцедес-мајбахот“ што го користеле највисоките црногорски функционери.

Би можело да ве интересира

Загрозена е безбедноста на црногорскиот претседателот Јаков Милатовиќ

Претседателот на Црна Гора: На владата е да одлучи за спонзорирање на резолуцијата за Сребреница

Милатовиќ поднесе оставка од сите функции во партијата

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора

Милатовиќ: Црна Гора на иста линија со ЕУ – потребни се нови избори во северно Косово

ВИДЕО: Новиот црногорски претседател ја презеде функцијата