Специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин, кој престојува во Приштина, денеска ја осуди одлуката на Приштина за насилно влегување во општинските згради на северот на Косово и бурните реакции на неа.
Тој на Твитер напиша дека е на Косово да ја процени ситуацијата и дека разговарал со претставници на ЕУЛЕКС, КФОР, владата во Приштина и косовските Срби во Митровица.
Сарацин побара воздржаност од сите страни и посветеност на Белград и Приштина за итно спроведување на постигнатите договори и дијалогот под посредство на Европската унија.