Извидувачки дрон на украинската армија наводно сними фаќање на поголема група руски војници на периферијата на Бахмут. На видеото, наводно, се гледа како членови на 59-та моторизирана оклопна бригада на вооружените сили на Украина заробуваат 22 руски војници, но не е јасно дали станува збор за војници кои се предале или биле заробени за време на битката.
Според украинските медиуми, глетката е снимена во околината на Бахмут.
Бахмут се наоѓа во близина на ДНР северно од големиот град Горловка. Тоа е важно за снабдување на украинските сили низ Донбас. Битката за Бахмут официјално започна на 8 октомври 2022 година.
Според руските медиуми, битката траеше 224 дена.