Арачиновец осомничен за насилство кон градоначалникот на општината

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Насилство согласно член 386 став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот, 69-годишен арачиновец, на 23 мај без дозвола влегол во канцеларијата на градоначалникот, насилно барајќи да му се додели земјиште во надлежност на Општина Арачиново. Откако не го нашол во канцеларијата, го пресретнал градоначалникот во дворот, започнал грубо да го навредува, да му се заканува и насилнички да се однесува, велат од Обвинителството.

Со цел обезбедување на присуството на осомничениот и непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерки на претпазливост – обврска осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, забрана за посетување на службените простории на Општина Арачиново, како и забрана за приближување или воспоставување контакти со градоначалникот, се додава во соопштението на Обвинителството.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Едниот од браќата осомничени за убиството во Арачиново е во притвор, другиот е во бегство

Обвинителство: Можниот мотив за вчерашното убиство во Арачиново се должничко доверителски односи

А1он

Двајца ранети во оружен инцидент во село Арачиново

Помилуваниот Акиф Равмановски само што излезе од „Идризово“ е уапсен за убиство

Горан Наумовски

МВР: Уапсен е маж од Арачиново осомничен за убиство

Горан Наумовски

Маж од Арачиново бил ранет пред семејната куќа