Украинскиот активист, блогер и волонтер Серхи Стерненко на својот профил на „Твитер“ објави видео на кое наводно се гледа како руски војници му крадат часовник од раката на нивниот убиен другар. Видеото е снимено со дрон, а над видеото пишува „Ексклузивно од 72 бригада“.
https://twitter.com/i/status/1660976894349541376
Според неговите информации, рускиот војник загинал во битката кај Вугледар. Руските војници кои минувале, наводно барале преживеани, но не го земале телото на загинатиот војник, туку само му го зеле часовникот од раката.