Пентагон: Русите контролираат голем дел од Бахмут и околината

Од:

Американското Министерство за одбрана нема да објави сопствена проценка за тоа дали Русија целосно го освоила Бахмут, но признава дека руските сили контролираат голем дел од него, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.

„Знаеме дека Русија навистина држи голем дел од територијата на Бахмут и неговата околина, но, според нашата проценка, Украинците сè уште водат битки во близина на Бахмут“, рече тој на прашањето дали Русите го контролираат градот.

Руското Министерство за одбрана објави ноќта меѓу 20 и 21 мај дека нивните сили го зазеле Бахмут по повеќемесечна офанзива. Украинската страна тврди дека нивната војска се уште контролира дел од Бахмут.

Серхиј Череваџи, портпарол на Источната група сили на вооружените сили на Украина, изјави дека Бахмут бил целосно уништен од нападите на руските трупи, но украинската армија се уште држи позиции во југозападниот дел на градот.

Соединетите Американски Држави ги проценуваат вкупните руски загуби во битката кај Бахмут, вклучително и убиени, ранети и дезертери, на повеќе од 100.000.

Би можело да ве интересира

Путин оди на се или ништо: руската армија станува втора по големина во светот

ВИДЕО: Подигнато руско знаме во Угледар

Предраг Петровиќ

Сателитски снимки покажаа дека Украинците не го погодиле руското складиште со оружје

Зеленски: Путин се плаши да користи нуклеарно оружје

Путин: Ќе ги постигнеме сите цели во Украина, вистината е на наша страна

Катерина Ѓуровски

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ