Тригодишно момче од Индијана пукало во мајка си и во нејзнин пријател кој полицијата го бара поради сомнение за убиство.
Полицијата не откри како момчето го добило пиштолот и што го поттикнало да пука од оружјето, пренесува Sky News.
Момчето испука само еден истрел, но успеа да ги погоди Трејшон Смит (23) и Џејлин Артис (21).
Смит добил лекарска помош и неговиот живот не е во опасност. Како што објави Скај њуз, тој потоа е приведен од полицијата бидејќи по него е распишана налог за убиство во соседната држава Илиноис.
Потврдено е дека ранетиот е пријател на мајката на момчето.