Песков: Украинските борци продолжуваат со својата активност против нашата земја

Од:

Кремљ го претстави нападот на рускиот пограничен регион Белгород како доказ за потребата од продолжување на војната против Украина.

„Ова уште еднаш потврдува дека украинските борци продолжуваат со својата активност против нашата земја“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во вторникот, цитиран од руската новинска агенција Интерфакс.

Затоа е потребна руска акција, продолжи Песков.

„Тие напори ќе продолжат, како и специјалната воена операција за спречување на такви упади во иднина“, додаде портпаролот.

Во понеделникот, група војници кои се претставуваа како руска опозиција го нападнаа округот Граиворон во регионот Белгород, веднаш до границата со Украина. Москва тврди дека се Украинци, изјави кои Киев го отфрли. И Русија тврди дека нападот е завршен и го елиминирал непријателот, додека другата страна тврди дека тие се уште се таму.

Локалните власти информираат дека загинале најмалку осум цивили, а девет села се евакуирани, јавува ДПА.

– Нападот предизвика „голема загриженост“, рече Песков, додавајќи дека рускиот претседател Владимир Путин нема да свика специјална седница на Советот за национална безбедност поради тоа.

Портпаролот на Кремљ не соопшти детали за бројот на напаѓачите, велејќи дека во наредниот период тоа ќе биде работа на безбедносните агенции.

Би можело да ве интересира

Путин оди на се или ништо: руската армија станува втора по големина во светот

ВИДЕО: Подигнато руско знаме во Угледар

Предраг Петровиќ

Сателитски снимки покажаа дека Украинците не го погодиле руското складиште со оружје

Зеленски: Путин се плаши да користи нуклеарно оружје

Путин: Ќе ги постигнеме сите цели во Украина, вистината е на наша страна

Катерина Ѓуровски

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ