Познатиот јутјубер Мирко Рашиќ денеска е пронајден мртов во сала во Сурчин. Негов колега го пронајде безживотното тело.
Истрагата ќе треба да ја открие причината за смртта. Инаку, Рашиќ имаше свој YouTube канал на кој го презентираше своето знаење за автомобилите, а по професија е автомеханичар.
Неговиот канал на Јутјуб „Неовластен сервисер“ има повеќе од 143.000 претплатници.
Мирко беше во врска со девојка со која се вери на 10 април годинава, а потоа таа на својот Инстаграм профил објави нивна заедничка фотографија на која се среќни и прегрнати, пишува Блиц.
„Не можам да кажам дека го чекам ова, бидејќи реално моето презиме е Рашиќ откако се сеќавам. Сега само ќе се удвоиме или таа ќе го земе моето“, напиша тогаш двојката, а тоа беше и нивната последна заедничка фотографија што ја објавија на социјалните мрежи.