Приватните превозници од утре се вклучуваат во јавниот превоз

Од:

Денеска, в.д. директорот на ЈСП Скопје, Крсте Петревски, го потпиша договорот со приватните превозници, а веќе од утре 105 автобуси ќе сообраќаат на скопските улици.

Приватните превозници ќе ги опслужуваат линиите: 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52, 54, со 105 модерни автобуси кои ги исполнуваат еколошките стандарди согласно јавниот повик.

Со новиот начин на работа и стандардизацијата во јавниот превоз, граѓаните ќе добиваат квалитетна и навремена услуга, а буџетите на Град Скопје и ЈСП Скопје ќе бидат заштитени од злоупотребите и самоволието кое во минатото било пракса.

Би можело да ве интересира

Во Скопје на дневно ниво недостасуваат од 160 до 200 автобуси тврдат приватните превозници

Град Скопје апелира до Трајко Славевски да ја стави иницијативата на приватните превозници на разгледување пред советниците

Приватните превозници бараат состанок со ЈСП за покачување на цената за километар

Приватниците ќе возат само трета смена, бараат повеќе пари: Град Скопје го обвинува Славеески за опструкција

Редуциран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје до петок ќе возат само до 10 часот изутрина