На социјалните мрежи се појави ново видео од врсничко насилство, овој пат во основното училиште „Павле Савиќ“ во Белград.
На снимката се гледа девојче многу поголемо од она кое го малтретира, како на почетокот на видеото и вели: „Навистина мислиш дека не можам да го направам тоа?“. Мачното малтретирање и понижување започнува пред многу ученици, бидејќи сè се случува во училишниот ходник за време на одмор.
После тоа, таа го следи другото девојче, во еден момент грубо ја запира и ѝ вели „Ајде застани“. Ја турка уште неколку пати додека оди зад неа во ходникот.
Вознемиреното девојче, кое постојано се обидува да се оттргне, оди до скалите, а кога ќе почне да се симнува, насилничката ја турка. Сето тоа беше придружено со смеа на личноста која сето тоа го сними.
Директорот на ОУ „Павле Савиќ“, Милан Крстиќ за српски „Блиц“ изјави дека се запознаени со случајот и дека во присуство на одделенскиот раководител имале разговор со родителите на двете девојчиња.
За случајот дознал вчера, кога и се случил. Девојчето кое било малтретирано им кажала на родителите што се случило, а тие потоа отишле кај директорката. По нивното пристигнување, според Крстиќ, тој ја повикал класната раководителка и потоа разговарале со децата и родителите.