ВИДЕО: Уапсен осомничениот за пукањето во Белград, кој рани и Македонец

Од:

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Белград во брза и ефикасна акција го уапсија 20-годишниот Н.Ѓ. поради постоење основи на сомнение дека извршил кривични дела тешко убиство во обид и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

Се сомничи дека синоќа на улицата „Максим Горки“ со истрели од огнено оружје им нанел тешки телесни повреди на дваесет и шестгодишен белграѓанец и на дваесет и едногодишен државјанин на Северна Македонија, а потоа се избегал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Полицијата набрзо го идентификувала и го пронашла, објавија српските медиуми.

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, на осомничениот му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде изведен пред обвинител.

Да потсетиме, две лица беа ранети синоќа на аголот од улиците Максим Горки и Цар Николај во Белград. Во пукотницата во Врачар со повреда на десната надколеница се здобил мажот А.П., по што бил префрлен во Ургентниот центар.

Недалеку од таму на улицата Новопазарска е пронајден уште еден маж со повреда во грбот.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски