СДСМ: Скопје е во хаос поради ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот Мицкоски

Од:

„Заради неспособностa, неодговорностa и расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ, шпицниот Мицкоски и градоначалничката Данела Арсовска, Град Скопје денес е во хаос, со блокирана сметка и пред банкрот“, велат од СДСМ.

„Потрошија над 100 милиони евра народни пари и го донесоа Скопје пред банкрот, а банкрот значи целосен распад на системот на Градот, нефункционални институции, уште полоши услуги за граѓаните и штрајкови и протести на градската администрација.

Советот на Град Скопје мора да одржи вонредна седница на која ќе се расправа за актуелната финансиска состојба на градот.

Сите предуслови за одржување на таква седница се исполнети и претседателот на Советот, Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ мора да ја закаже седницата.

Граѓаните се разочарани од неспособната градска власт на ВМРО-ДПМНЕ кое го има претседателот на Советот, мнозинството во Советот и мнозинството во управните и надзорните одбори на скопските јавни претпријатија.

Скопје и скопјани не заслужуваат ваква неодговорна градска власт“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски

СДСМ: ЕУ усвои нови правила за депортација на мигранти во трети земји

СДСМ: Темата со мигрантите е многу поголема отколку што кој било во Македонија можеше да замисли

СДСМ: Разоткривање на кујните на ДПМНЕ, дел 3: Напади исто како во времето на Груевски!

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

СДСМ: Мицкоски го зеде судството во свои раце па се фали со добиени пресуди

Горан Наумовски