Засега неименуван млад маж е ранет во престрелката што се случила на аголот од улиците Максим Горки и Новазарска во Врачар, Белград, известуваат српските медиуми.
Како што објавија медиумите, по пукањето напаѓачот побегнал низ Чубурски парк полн со деца.
Повредениот со возило на Брза помош бил пренесен во болница. Силни полициски сили кои пристигнале на повик ја блокирале целата област во потрага по напаѓачот.
На полицајците им било наредено да преземат снимки од безбедносните камери за да утврдат кој е напаѓачот.