Украински пратеник го опиша Бахмут како стапица за руските сили и рече дека Киев направил добро со тоа што ги спречил силите на Москва да навлезат подлабоко на украинска територија.
„Од самиот почеток на војната, на Кремљ очајно му беа потребни победи, имаа само загуби. Тие го создадоа овој мит за Бахмут како да им беше нешто исклучително важно. Бахмут е обичен град кој не е голем. На крајот на денот, Бахмут е стапица за глувци за руските сили во југоисточниот дел на Украина и украинската армија дефинитивно ќе ја продолжи својата операција бидејќи нашата цел е многу едноставна: мораме да го ликвидираме нивните сили што е можно повеќе“, изјави претставникот на партијата Голос, Андриј Осадчук, за Скај њуз.
Тој додаде дека украинските сили, додека го бранеле Бахмут, не им дозволиле на Русите да навлезат подлабоко на украинска територија во други градови како Краматорск.