ВИДЕО: Новиот црногорски претседател ја презеде функцијата

Од:

Новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ денеска положи заклетва во Собранието на Црна Гора.

Така тој официјално ја презеде функцијата како трет претседател од прогласувањето на независноста во 2006 година.

„Се колнам дека должноста претседател ќе ја извршувам одговорно, чесно, совесно, правично и непристрасно, согласно Уставот и законот“, рече Милатовиќ за време на полагањето заклетва.

„Никогаш повеќе не смееме да дозволиме ниту еден поединец да се чувствува обесправен. Мојата мисија е Црна Гора со еднакви можности за сите граѓани, во која напорната работа и образованието се главните фактори за успех во животот. Ова е мојата приказна, која сакам да стане сечија приказна од нас во Црна Гора.Ќе бидам кохезивен фактор во заедничката борба за подобра Црна Гора“, рече меѓу Милатовиќ во првот говор како претседател.

Претседателот на Црна Гора се избира за период од пет години, на непосредни избори. Милатовиќ е трет претседател по прогласувањето независност на Црна Гора на 21 мај 2006 година.

Милатовиќ положи заклетва на денот кога му истече мандатот на неговиот претходник.

Меѓу гостите се и српскиот претседател Александар Вучиќ, хрватскиот Милановиќ, како и поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ, специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, специјалниот пратеник на Велика Британија Сер Стјуарт Пич, американската амбасадорка Џуди Рајзинг Рајнке, амбасадорката на Велика Британија Карен Медокс.

Присутен е и актуелниот премиер на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, како и поранешните премиери Здравко Кривокапиќ и Игор Лукшиќ. Да потсетиме, Милатовиќ и Ѓукановиќ се сретнаа двапати од претседателските избори, а тема на нивната средба беше примопредавањето на должностите.

По инаугурацијата најавен е ручек за високите, а вечерта прием во вилата Горица каде ќе бидат домаќини Милатовиќ и неговата сопруга.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Загрозена е безбедноста на црногорскиот претседателот Јаков Милатовиќ

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје