Српскиот државјанин Антун Мрдежа, осомничен дека е опасен дилер на дрога, при транспортот успеа да побегне од аеродромот во Меделин, Колумбија.
Според локалните медиуми, Мрдежа побара да се напие вода, а потоа го искористи невниманието на чуварите и претрча низ две порти на аеродромот, пред кои го чекаше црно „ауди“.
Автомобилот „ауди“ во кој избегал Мрдежа е пронајден вчераутро на селски пат.
Српскиот државјанин беше уапсен пред осум дена, кога долета од Доминиканската Република, а вчера требаше да биде екстрадиран во Италија, која по него распиша потерница.
Антун Мрдежа е уапсен бидејќи кога пристигна во Колумбија полицијата откри дека поседува фалсификувани документи. Кога е откриен неговиот вистински идентитет, е утврдено дека Италија по него распишала меѓународна потерница поради шверц на дрога.