(ВИДЕО) Ковачевски на ЦО: Од САД добивме силна поддршка за европскиот пат на земјата

Од:

Средбите кои ги имав во САД со високите државни претставници, со Државниот Секретар Блинкен и Ескобар беа многу успешни и плодни, од САД добивме силна поддршка за европскиот пат на Северна Македонија, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќање на седницата на Централниот одбор на партијата што се одржа вечерва.

„Од САД добивме недвосмислена и силна поддршка за европскиот пат на Македонија. Тоа е наш национален интерес поставен уште од независноста, но во актуелниот момент тоа значи трајно обезбедување европска и регионална стабилност. Како што имавме и за НАТО.

САД се покрај нас од самиот почеток и таа помош не доаѓаше само декларативно туку беше целосна помош, многу финансии, многу средства ивестирани во реформи во многу области во земјата, од судски реформи, безбедносни реформи, во економијата, полицијата итн.

Се до денеска кога гледаме еден вид промовирање на Македонија како своевиден пример на земја која што може да послужи за другите земји во регионот. Што ние и го докажавме.

Генерално, и ние и САД сметавме дека многу важно што нашата држава е првата земја од Западниот Балкан што го започна Стратешкиот дијалог со САД. Ова е одредница во нашите билатерални односи и одличен чекор напред за иднината на оваа земја.

На сите средби и преку сите состаноци добивме голема поддршка и пофалба затоа што сме докажан сојузник и партнер и ја потврдивме силната и непрекината поддршка од САД, особено од страна на Конгресот, за Евроатлантската интеграција на Северна Македонија, нејзиниот демократски развој, безбедност и стабилност.“ рече претседателот Димитар Ковачевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати