Ковачки: Министерот Бочварски потпишал на невидено, се исфрла Уставот да се донесат закони

Од:

Претставниците на власта не знаат што зборуваат кога излегуваат на говорница, дали не е срамота министерот за транспорт и врски Бочварски и врски да потпише нешто на невидено? Празна табела која треба да биде основа за предлагање на законите, ја потпишал на невидено, па се поставува прашање кој потпишува на невидено, дали некој уценет или има други проблеми кои треба да се решаваат низ институциите, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната собраниска седница.

Тој истакна дека ова што и се прави на македонската јавност и држава е антидржавен чин, се фрла Македонија во должничко ропство, финансиска нестабилност која ќе биде злоупотребена.

– Финансиски нестабилна држава не може да се справува со проблемите кои излегуваат пред неа. Нападнат ни е националниот идентитет, Македонија се гуши во корупција и криминал и како ќе се справуваме со предизвиците кои се пред нас на патот кон ЕУ. Власта на ваков начин ја ослабува позицијата на Македонија, потенцираше тој.

Ковачки и порача на власта да ги реновира затворите со време да не биде потоа дека не е кажано и тоа, како што рече не е закана, туку ќе се спроведува законот.

Правото треба да владее, а не како сега да се дерогира, го исфрливте Уставот. Ова не доликува на држава која сака да биде членка на ЕУ. Кажувате дека предложените измени се вршат заради усогласување на одредбите од постоечкиот закон, но не кажувате со што се усогласува. Кажувате градби од државен интерес, а каде е регулирано што е стратешки интерес? Има ли отворено јавна дебата, 2 милијарди народни пари ќе се потрошат, а не е дефинирано што е стратешки интерес. Најголемиот буџет во историјата на Македонија го трошите, нагласи Ковачки.

Ковачки посочи дека ова сега што се прави е класичен криминал и корупција на Артан Груби и Ковачевски.

– Кажувате дека ќе ја интегрирате Македонија со овие коридори, а со кои земји од ЕУ ќе се поврзете? Кажувате дека одредбите на имплицираат финансиски последици, а се надминуваат сите закони кои досега важеа, експертите кажуваат дека урбанистички проект важи за маалски улици, а не за автопат. За ова ќе има одговорност, изјави Ковачки.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти