Пригожин: : Руската војска се повлече во Бахмут

Од:

Евгениј Пригожин, основачот на руската платеничка група Вагнер, која речиси една година се обидува да го освои источниот украински град Бахмут, денеска ја обвини регуларната руска армија дека се повлекла на 570 метри северно од градот и ги напуштила „крилата“ на Вагнер.

Ројтерс не можеше да ги потврди неговите наводи, а руското Министерство за одбрана се уште не ги коментираше.

Силите на Вагнер го предводеа нападот на Бахмут во една од најкрвавите и најдолгите битки во војната, која Москва продолжува да ја нарекува „специјална воена операција“. Во последните неколку месеци, единиците на редовната руска армија им даваат поддршка на припадниците на Вагнер во и околу Бахмут.

Пригожин, кој претходно го обвини руското Министерство за одбрана и водечките генерали дека не прават доволно за да ги поддржат неговите платеници, денеска побара од Министерството за одбрана „да направи се за да ги заштити крилата на линијата на фронтот“ по, како што тврди, повлекувањето на единици на руската армија.

„За жал, војниците на руското Министерство за одбрана се повлекоа на 570 метри северно од Бахмут и ги отворија нашите крила“, рече Пригожин во гласовната порака објавена на социјалните мрежи.

„Апелирам до раководството на Министерството за одбрана – јавно – затоа што никој не ги чита моите писма“, рече Пригожин, а потоа директно им се обрати на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на армијата Валериј Герасимов: „Ве молам, не им ги оставајте на Украинците нашите страни“.

Вагнер тврди дека зазел голем дел од уништениот град, иако со огромни загуби. Но, украинската армија тврди дека во последните неколку дена окупирала десетици квадратни километри околу Бахмут.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Оваа зима ќе биде прилично предизвикувачка на енергетски план поради состојбата во Украина

ВИДЕО: Руска наведувана бомба погоди станбена зграда во Харков

(ВИДЕО) Огромна експлозија во Вовчанск: Русите ја фрлија најмоќната бомба

Путин оди на се или ништо: руската армија станува втора по големина во светот

ВИДЕО: Подигнато руско знаме во Угледар

Предраг Петровиќ

Сателитски снимки покажаа дека Украинците не го погодиле руското складиште со оружје