Одбележани 151 година од раѓањето на револуционерот Јане Сандански

Од:

​Делегација од Општина Аеродром предводена од градоначалникот Тимчо Муцунски, по повод 151 година од раѓањето на големиот македонски револуционер – Јане Сандански, положи цвеќе на споменикот поставен во негова чест.

„Кога говориме за неговиот живот и наследство, се потсетуваме на неговата непоколеблива посветеност на слободата и правата на нашиот народ. Тој цврсто верувал во принципите на правда за сите Македонци, залагајќи се за социјални и економски реформи кои ќе го подобрат животот на обичните луѓе. Споменот за Јане Сандански е потсетник за нашата обврска да работиме и придонесуваме кон градењето на македонската нација, да промовираме хармонија помеѓу народот и да ги поддржуваме вредностите за кои тој се борел и живеел.“, напиша градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна.

Името на Сандански е синоним на храброст, пожртвуваност и постојана потрага по правда и еден од главните симболи на општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Општина Аеродром: Нема бетонизација во Лисиче, ќе се гради една зграда и два парка

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче