Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да го мине 1. коло на фјучрс турнирот во Суботица, Србија.
Денеска поуспешен од него беше Дејан Катиќ од Србија, кој со 6:2 и 6:3 по сетови го победи нашиот тенисер. Ова беше трета победа за Катиќ во меѓусебните дуели.
На овој турнир утре во 1. коло ќе игра и 4.носител Димитар Грабул (Македонија), кој за противник ќе го има Лука Илиќ од Србија.
Стефан Мицов е елиминиран во 1.коло на турнирот во Филипида, Грција во игра на двојки. Тој настапи заедно со Романецот Драгош Торге и загубија од полската комбинација Павел Турзански и Бартож Војнар со 6:3; 2:6 и 2:10 во решавачкиот сет на поени.
Утре во 2. коло Мицов во сингл ќе игра против 4.носител Маркос Каловелонис од Грција.