Жртвите на Џефри Епштајн ја тужеа Дојче банк: Банката мора да плати 75 милиони долари

Од:

Дојче банк се согласи да плати 75 милиони долари за да го реши судскиот спор во кој се тврди дека банката ја олеснила трговијата со луѓе за време на нејзините зделки со Џефри Епштајн. Тужбата ја поднесе неименувана жена, тврдејќи дека Дојче банк продолжила да работи со Епштајн, и покрај тоа што знаела дека неговите сметки се користат за злоупотреба.

Тужителката, која во судските документи анонимно се нарекува „Џејн До“, во ноември минатата година во Њујорк поднесе колективна тужба во име на себе и други жени, злоупотребувани од покојниот американски финансиер. Таа тврдеше дека банката „избрала профит наместо усогласеност“, бидејќи знаела дека „ќе заработи милиони долари од олеснувањето на трговијата со секс на Епштајн“.

Жената во тужбата тврдеше дека Епштајн ја продавал за секс цели 15 години, почнувајќи од 2003 година, кога се преселила во Њујорк. Во тужбата се наведува дека Епштајн и се обрати на банката по раскинувањето на деловните односи со ЈП Морган околу 2013 година, пишува Би-Би-Си.

Се додава дека „банката не ги испитала темелно трансакциите на сметките за видовите активности поврзани со минатото на Епштајн, иако го класифицирала Епштајн како клиент со висок ризик“. Се очекува пресудата да се искористи за исплата на отштета на десетици жени.

Едвардс Потингер, еден од адвокатите кои ја застапуваат неименуваната жена, изјави за Би-Би-Си дека тоа е „веројатно најголемата спогодба за сексуална трговија во историјата на САД во која е вклучена банкарска институција“.

Дојче банк претходно побара да се отфрли тужбата. Дилан Ридл, портпарол на банката, одби да коментира за спогодбата, но рече дека „постигна значителен напредок во решавањето на голем број прашања од минатото“. Да потсетиме, Епштајн си го одзеде животот во затворска ќелија на 10 август 2019 година, додека го чекаше судењето по обвинение за сексуална трговија со малолетници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објавени документи за педофилот Епстин: Се спомнуваат Клинтон, Трамп, Принцот Ендрју

Катерина Ѓуровски

Џефри Епстајн имал широк круг пријатели: Сексуалниот предатор се среќавал со директорот на ЦИА, со советничка на Обама, со Чомски

Дојче банк оствари најголем профит во последните 15 години

Жртвите на Џефри Епстајн тужат две големи банки

Случај Епштајн: Поранешниот агент на манекенки Брунел пронајден мртов во затвор

Ана Ололовска

Принцот Ендрју бара да му се суди пред порота

Ана Ололовска