Бајден оди во Хирошима, нема да се извини за атомската бомба

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден нема да понуди извинување за употребата на нуклеарно оружје од страна на САД против Јапонија пред 78 години, соопшти Белата куќа. Бајден моментално е на пат за Хирошима, јапонскиот град кој беше цел на првата борбена употреба на атомска бомба на 6 август 1945 година. Таму ќе се одржат самити на лидерите на Г7.

Во петок тој треба да го посети Меморијалниот музеј во Хирошима со другите шест лидери и ќе учествува на церемонијата на положување венци и садење дрвја со неговите колеги од Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Обединетото Кралство. Некои јапонски политичари ги повикаа САД да понудат официјално извинување за бомбардирањето на Хирошима и бомбардирањето на Нагасаки четири дена подоцна.

Барак Обама, првиот американски претседател кој го посети споменикот во 2016 година, исто така не се извини за употребата на нуклеарно оружје. Советникот за национална безбедност Џејк Саливан им изјави на новинарите дека настанот на кој присуствува Бајден не би бил соодветен за таков гест, пишува Индипендент.

„Претседателот нема да даде изјава во Меморијалниот парк на мирот. Тој ќе учествува со другите лидери на Г7 на положување венци и на неколку други настани, но тоа од негова перспектива не е билатерален момент“, додаде Саливан. Тврди дека Бајден доаѓа „како еден од лидерите на Г7 кој ќе оддаде почит“.

Тој објасни дека Бајден ќе оддаде почит кон историјата и кон јапонскиот премиер Фумио Кишида, кој влезе во јапонската политика како член на Јапонскиот Претставнички дом за првиот округ на Хирошима.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети, десетици уапсени

Бостонската полиција уапси 100 студенти на протестите против војната во Газа

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови