Белкиса Зеќири: Законските измени се важни за сите стратешки национални проекти во инфраструктурата

Од:

Измените на законите поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10 Д се во согласност со Уставот и во насока да ја олеснат работата на терен, истакна пратеничката од СДСМ Белкиса Зеќири во реплика на денешната собраниска седница.

„Измените се прават за поефикасно, поефективно и поевтино да се завршат проектите што се од стратешки интерес. И ова не е само за сегашните коридори, туку и за сите идни национални стратешки проекти во инфраструктурата“, истакна Зеќири.

Пратеничката Зеќири посочи дека клучни елементи од Договорот со Бехтел и Енка, како што е вредноста на договорот, начинот и времетраењето на градбата никогаш не биле тајна, додавајќи дека со изградбата на коридорите нашата држава конечно станува вистинска крстосница во регионот.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски